Поради климатските промени ќе останеме без пиво, а еве колку може да чини една лименка во иднина

Супермен

17/10/2018

13:22

4.755

Големина на фонт

а а а

Стотици милиони љубители на пивото ширум светот, можат да останат без пристап до омилениот пијалок, бидејќи посевите од билките од кои тоа се произведува, исчезнуваат поради глобалното затоплување.

После минатонеделниот извештај на Обединетите нации, дополнителни истражувања покажале дека постојат потенцијални проблеми поврзани со климатските услови во неколку земји, клучни за производство на пиво, како што се Белгија, Чешка и Ирска.

Во новата студија која ја водел Ви Кси, научникот од Универзитет во Пекинг, се наведуваат најмалку пет модели, што покажуваат дека екстремните временски услови, кои вклучуваат топлотни бранови и суши, можат да го намалат приносот на јачмен од 3 на 17%, а тоа неизбежно ќе влијае на пиварите ширум светот.

Исражувачите пресметале дека потрошувачката на пиво може да падне за една третина во Ирска, Белгија и Чешка, за една четвртина во Велика Британија и за девет проценти во Кина, каде е најголемата потрошувачка.


Пивото е најпопуларен алкохол во светот, а намалувањето на производството, неизбежно ќе влијае на цената. Зголемувањето на цените може да варира од 4 до 20 долари по пакување од шест лименки.

„Многу години наназад, а и денес, пивото е важна компонента за друштвени собири и прослави. Иако може да се тврди дека консумирањето помали количини на пиво не е штетно за здравјето, дури и дека е здраво, нема сомнеж дека влијанието на климатските промени и производството на пиво, ќе им нанесе болка на милиони луѓе ширум светот“, се наведува во извештајот.


„Ако и понатаму сакате да уживате во фудбалот со неколку лименки пиво, тогаш акцијата за спречување на климатските промени е единствен излез. Тоа е клучна порака“, изјавил професорот Даб Гуан, од универзитет во Англија.

Гуан нагласил дека пивските житарици не се единствената култура која ќе биде погодена од климатските промени. Фармерите ќе се соочат со комплициран избор - дали да ја негуваат луксузната култура или да ја хранат стоката. Таа дилема ќе доведе до повлекување на чоколадите, кафето и чајот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk