Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, потпиша указ за економски санкции против Украина поради, како што наведе, непријателски акции против државјани и правни ентитети на Русија, соопшти владата во земјата.
„Со указот се воведуваат специјални економски мерки во врска со поединци и правни ентитети во Украина и се врши замрзнување на фондови, одредени хартии од вредност и имоти во Русија, а се воведува и забрана за трансфер на средства (повлекување на капитал) надвор од Русија“, се наведува во одлуката.
Санкционирани се стотина политичари од неколку десетици компании со кои управуваат влијателни украински бизнисмени. На листата се 322 поединци и 68 компании, вклучувајќи го синот на претседателот Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.