Британски генерал за судирот со Русите: Сега е најлошо време да се "закачаме" со нив

Точка

19/11/2018

19:41

4.460

Големина на фонт

а а а

Новите модели на руското вооружување направиле земјите од Западот да бидат крајно ранливи во случај на воен конфликт со Москва - предупредил британскиот генерал Ричард Баронс.

Тој бил и командант на Здружените вооружени сили во Обединетото Кралство. 

Толку е индикативно што своите во Лондон, Вашингтон и Брисел отворено ги предупредил: "Русите сега во своите арсенали имаат потенцијал каков што ние немаме. Ни по видови, ни по количини. Тоа е ризик за Западот во краткорочна перспектива".

Во интервју за "Sunday Times" дополнително објаснил: "Русите внимателно ја проучиле американската воена надмоќ и размислиле како може да се достигне. Така се појавија хиперсонични ракeти кои се во состојба до американска територија да дојдат за шест минути. Тоа е два пати побрзо од најбрзите ракети кои сега се во вооружувањето на повеќето држави".

Баронс има и дополнително предупредување: "Тие ракети е многу потешко да се соборат од постоечките. Ние за тоа ги немаме потребните елементи за противракетна одбрана. Русија сакаше - тоа е нејзината воена стратегија - да има одлучувачка супериорност на големо растојание за да ги победува противниците без копнени операции. А НАТО, и покрај ова, е мирен и не ги мобилизира сопствените ресурси".

Минатите недели од Вашингтон се слушнале гласови кои предупредуваат дека САД не се подготвени да се спротивстават на "можните напади со хиперсонични ракети од страна на Русија или Кина".




Спонзорирани линкови

Маркетинг