Илон Маск смета дека сите треба да работат најмалку 80 часа неделно - еве и зошто

Супермен

28/11/2018

17:07

2.940

Големина на фонт

а а а

Илон Маск во понеделникот напишал нешто многу интересно на својот Твитер профил. Имено, тој смета дека, ако сакаме вистински да го промениме светот, треба да работиме по 80 часа неделно, јавува "Business Insider".

Говорејќи за компаниите со кои претседава, како "Tesla", "SpaceX", "The Boring Company" и "Neuralink", Маск напоменал: "Знам дека е полесно да работам на некои други места, но никој досега не го променил светот работејќи само 40 часа неделно". 

80 часа се доволни

Кога го прашале колку часа неделна работа се потребни за нешто такво, Маск одговорил:

"Зависи од личност до личност, но 80 часа би биле доволни. Понекогаш и 100. Чувството на тежина на работата експоненцијално се зголемува по 80 часа работа неделно".


Илон Маск овој месец опишал дека работи отприлика 120 часа неделно, а дека вработените во "Tesla" знаеле оваа година да работат и по 100 часа неделно за потребите на автомобилот Model 3. Напоменал и дека "Tesla" не би преживеала на пазарот доколку тие не работат волку напорно.

Некои вработени од компанијата изјавиле дека премногу работат, додека други изјавиле дека повеќе им одговара да работат 70 или повеќе часа неделно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk