Помоќен од своите претходници: Porsche го претстави новиот 911 Cabriolet

Супермен

09/01/2019

14:09

819

Големина на фонт

а а а

Porsche кон крајот на ноември ја одржа премиерата на потполно новата генерација на моделот 911 Carrera во Лос Анџелес.

Во најголемиот калифорниски град дебитираше купето, а месец и пол подоцна имавме прилика да видиме и како изгледа новиот кабриолет. 


Дизајнерски сличен на купето, моделот со склоплив кров во однос на своите претходници има одредени унапредувања кога станува збор за брзината на подигнување и спуштање на платното. Двата процеси траат околу 12 секунди, а кровот може да се подигне или спушти и за време на возењето, но само до 50 км/ч. Кога кровот е спуштен, се активира дефлектор со цел да се намали струењето на воздухот низ патничката кабина, за возењето да биде попријатно.


Porsche, на почетокот од продажбата ќе го понуди новиот модел само во верзиите Carrera S и Carrera 4S. Двата модели се опремени со 3.0-литарски твин-турбо мотор со 6 цилиндри кој испорачува 450 коњски сили и располага со максимален вртежен момент од 530 Nm.

Моторот е поврзан со нов осумбрзински менувач со двојно квачило, благодарение на кое Carrera S од 0 до 100 км/ч. забрзува за 3,7 секунди и достигнува максимални 306 км/ч.

Carrera 4S, со погон на сите четири тркала од место до 100 км/ч. стигнува за 3,6 секунди.


Цената на Porsche 911 Carrera S Cabriolet во САД започнува од 126.100 долари, а варијантата 4S ќе изнесува околу 133.400 долари.





Спонзорирани линкови

Маркетинг