Од Авто мото-сојузот на Македонија информираат дека во 13 часот и 30 минути е укината забраната за движење на автобуси и тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Сообраќајот на државните патишта и натаму се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.