Шокантна сцена на патот: Бебе испаднало од автомобил, а мајката воопшто не забележала! Само чудо го спасило

Точка

15/01/2019

19:45

3.894

Големина на фонт

а а а

Камерите забележале неверојатна сцена на улиците на Манкато, Минесота, кога бебе кое заедно со детското седиште испаднало од автомобилската врата, а за среќа во тој момент не поминало ниту едно возило.

Возачот кој наишол веднаш го запрел својот автомобил и почнал да ѝ мавта на мајката која изгледа дека воопшто и не забележала дека нејзиното дете испаднало од автомобилот. Тој го запрел сообраќајот и го зел девојчето кое останало заштитено благодарение на седиштето. 

Набрзо пристигнале и полицајците, како и мајката кога видела дека нејзината ќерка не е во автомобилот.

Како што се утврдило, девојчето било прописно врзано за седиштето, но самата носилка не била прописно поставена во автомобилот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг