Уапсен е балканскиот Пабло Ескобар: Албанскиот нарко-бос се криел 3 години, па на крајот сам се предал, а еве што му е ветено!

Точка

15/01/2019

20:36

8.235

Големина на фонт

а а а

Еден од најбараните албански криумчари на дрога, Кељмент Баљиљи, ѝ се предал денеска на полицијата откако три години бил во бегство и по десетина неуспешни полициски акции за негово апсење.

Баљиљи, кој медиумите го нарекле балканскиот Пабло Ескобар, избегнувал апсење од мај 2016 година, благодарение на политичките врски и мрежата за поддршка која ја развил во Саранда, јужен град во Албанија.

Во февруари 2017-та година, под притисок на западните сојузници, Албанија го ставила апсењето на Биљиљи помеѓу приоритетите со оглед на тоа дека неговиот ланец на дрога се проширил на територијата на соседните земји и сојузнички на НАТО.

##https://twitter.com/VincentTriest/status/1085114437588135936##

Албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Лешај за новинарите изјавил дека предавањето на Биљиљи е резултат на „сеопфатна, долга и комплексна операција, спроведена во соработка со албански партнери“.

На прашањето што му било понудено на Биљиљи за да се предаде, Лешај одговорил: „Загарантирана фер правна постапка“.

Американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, неколку пати повикал на апсење на Баљиљи, поради што албанскиот премиер Еди Рама, ја повикал полицијата да се ангажира тој да биде во притвор пред доаѓањето на наследникот на Лу, односно новиот амбасадор.

Баљиљи бил истакнат претставник на локалната администрација во Саранда и се криел откако Грција распишала налог за негово апсење.

Тој ги одбива обвиненијата, а во јавноста се појавил кога грчката полиција, во соработка со американска агенција за борба против дрогата, го обвинила за транспорт на 700 килограми канабис во Грција. Наскоро после тоа почнал да се крие.

Баљиљи има двајца адвокати, еден во Грција и уште еден во Албанија, а двајцата сметаат дека доказите против нивниот клиент не се доволно силни.

Албанскиот премиер, Еди Рама изјавил дека апсењето на Баљиљи претставува „голем чекор во борбата против организираниот криминал“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг