Оваа снимка стана вирална: Мало девојче воопшто не е импресионирано поради новородениот брат, реакција која ќе ве изнасмее

Точка

16/01/2019

12:19

3.861

Големина на фонт

а а а

Малото девојче Ела Џеремиас не било многу воодушевено кога родителите за првпат во рацете ѝ го дадоа помладото братче настојувајќи да направат емотивен семеен момент. Снимката стана вирална на социјалните мрежи.

Мајката Кристен и таткото Џордан од породилиштето во Далас дома донеле новороденче, малиот Колман, а тие сакале да создадат емотивен момент од тоа како нивната ќерка Ела го запознава братчето.

Но, според изразот на Ела, девојчето воопшто не било импресионирано. Непознато е дали станува збор за лутина, љубомора или незаинтересираност.


Родителите сепак се обиделе да ја расположат, ја присилувале да го бакне братчето, но девојчето и понатаму покажува незаинтересираност. Во еден момент само погледна во бебето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг