Митревски: Очекуваме да се формира Антикорупциска комисија до изборите

Макфакс

16/01/2019

12:46

605

Големина на фонт

а а а

Ќе ги искористиме сите можности до изборите да се формира Антикоруоциска вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Тој рече дека очекува денеска да се усвои потребата од носење на законот за спречување корупција и судир на интереси и што поскоро да се донесе. Додаде дека предлогот е усогласен со препораките на Венецијанска комисија, но не сакаше да каже зошто не се почитува препораката за намалување на бројот на членови, бидејќи според Митревски, поважно било да има комисија која суштински ќе се справува со корупцијата, а не колку членови ќе има.

Митревски побара ВМРО-ДПМНЕ да престане со блокадите и да даде поддршка за законот кој сега е доставен од Влада со ЕУ знаме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг