Шпанскиот “штрк” со 1070 коњски сили достигнува 100 км/ч. за 2,8 секунди

Супермен

22/02/2019

12:41

2.359

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот произведувач на суперавтомобили, “Hispano Suiza” го открил својот потполно нов автомобил.

Станува збор за 2,2 милиони евра вредниот “Maguari HS1 GTC” наречен по јужноамериканскиот штрк, кој ќе се лансира на пролет. 


Со погон на задните тркала, “Maguari” има V10 твин-турбо мотор со електричен компресор и 1070 коњски сили сместени во средината. Благодарение на агрегатот кој е веројатно изведен од единицата која го придвижува “Lamborghini Huracan”, шпанскиот автомобил забрзува од состојба на мирување до 100 км/ч. за само 2,8 секунди со максимална брзина, електронски ограничена на 380 км/ч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk