Алегри: Ако го игравме реваншот со Атлетико оваа среда…

Дерби

23/02/2019

20:10

2.562

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри има задача да го подигне својот тим по поразот од Атлетико Мадрид и да го подготви за утрешното гостување во Болоња, а на денешната прес-конференција очекувано повеќе се зборувало за Лигата на шампионите отколку за Серија А.

Тренерот на Јувентус не се откажува од оптимизмот во пресрет на реваншот со Атлетико, а тоа го искоментира во свој стил.

– Мислам дека сме среќни што ќе можеме да ги искусиме наредните дваесетина дена, бидејќи животот е направен од вакви работи. Ако победуваме на сите натпревари, животот би бил многу досаден.

– Не беше лесно пред првиот натпревар, нема да биде лесно ниту на 12. март, затоа што нашиот противник е квалитетен тим кој остави важен печат последните девет години. Не знам дали ќе победиме и дали ќе се пласираме во следната рунда, но најважно е да го дадеме максимумот бидејќи ова е голем предизвик. Ако на пример го игравме реваншот во среда, сигурно ќе бевме елиминирани, ни треба овој период за рекуперација и средување на некои работи, го сакам ова искуство повеќе од тоа после реми 0:0, сега можеме да излеземе на терен и да видиме што ќе се случи, – истакнал Алегри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг