Galaxy S10 и S10 Plus ќе се продаваат со веќе поставено заштитно стакло на екранот

Супермен

05/03/2019

12:28

2.321

Големина на фонт

а а а

Оние кои ќе ги купат новите Samsung Galaxy S10 и S10 Plus телефони не треба да издвојуваат дополнителни пари за заштита на екранот, бидејќи ќе ја добијат бесплатно.

Samsung официјално потврди дека купувачите новите телефони ќе ги добијат со веќе поставено заштитно стакло на екранот. 

"Оваа одлука е донесена за да се подобри вкупното искуство на корисниците со подобрување на издржливоста на екранот и полна функционалност на ултрасоничниот сензор за отисок на прстот кој го поседува Galaxy S10 и S10 Plus", соопштено е од компанијата.


Меѓутоа, кога заштитата на екранот ќе се оштети, ќе биде потребно да се купи нова. Додека Travel Adapter, USB Connector и AKG слушалките се под едногодишна гаранција, заштитата на екранот не е.


Заштитата на екранот на Samsung инаку чини 29.99 долари, а компанијата бара до препродавачите да го вметнат и во нивните понуди. Причината за тоа е што Samsung не може да гарантира дека заштитата направена од традиционално стакло и полиуретански материјали ќе ја овозможи работата на ултрасоничниот сензор за отисок на прстот.

Galaxy S10 чини 899,99 долари, а Galaxy S10 Plus 999,99 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk