Умереното консумирање на пиво и другите алкохолни пијалаци е добро за здравјето

Супермен

14/03/2019

11:45

3.756

Големина на фонт

а а а

Пивото и другите алкохолни пијалаци се подеднакво добри за здравјето како што е случајот со виното, покажуваат резултатите објавени во списанието “Journal of Epidemiology and Community Health”.

Истражувањето спроведено врз 19 илјади возрасни лица покажало дека оние кои повремено уживаат во алкохолот, имаат помалку здравствени тегоби од оние кои воопшто не го консумираат. За виното веќе е одамна докажано дека е богато со антиоксиданси кои помагаат во борбата против штетните радикали во организмот и го штити срцето така што спречува создавање на крвни згрутчувања. 

Истражувањето, меѓутоа, не покажало разлика помеѓу оние кои пијат вино и оние кои пиеле пиво или други алкохолни пијалаци. Тоа значи дека уживањето во половина литар пиво е подеднакво корисно како и уживањето во чаша црвено вино.


Студијата ги земало предвид возраста, работниот статус, телесната активност и пушењето цигари на секој поединец за да се елиминира потенцијалната пристрасност. Водичот на истражувачкиот тим, д-р Фернандо Родригез-Арталејо тврди дека се покажало дека потрошувачите на било која количина на алкохол имаат подобро здравје од оние кои воопшто не го консумираат.

“Колку е поголема потрошувачката на алкохол, толку е помала преваленцијата на субоптималното здравје”, изјавил Родригез-Арталејо.

Но, и наспроти севкупните охрабрувачки вести за лицата кои пијат алкохол, важно е да се биде умерен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk