Граната пронајдена во дворот на британската амбасада во Белград

Макфакс

21/03/2019

21:13

1.402

Големина на фонт

а а а

Работници денеска во дворот на амбасадата на Велика Британија во Белград пронашле граната, објави „Радио телевизија Србија“.

На лице место биле упатени единици на српското министертсво за внатрешни работи и по проверките било заклучено дека се работи за артилериски проектил кој не можел да предизвика опасност, јавува репортерот на РТС.

Проектилот бил однесен на друга локација, а дополнително ќе биде утврдена дали потекнува од Првата или Втората светска војна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг