Стадионот „Филип Втори“ преименуван во „Национална арена Тоше Проески“

Макфакс

09/04/2019

12:41

3.002

Големина на фонт

а а а

Стадионот „Филип Втори“ ќе биде преименуван во „Национална арена Тоше Проески“. Ваква одлука донела Владата на денешната 129-та седница, а на социјалните мрежи објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Одлуката е во склоп на исполнување на обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор, а од Владата велат дека Тоше Проески е избран како личност која оставила траен белег на македонската и регионална современа историја.

Градскиот стадион во 2009 година беше преименуван во Национална Арена „Филип Втори“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг