Во живо: Високи функционери, пратеници, обвинители и амбасадори ја следат литургијата на папата

Макфакс

07/05/2019

11:17

4.655

Големина на фонт

а а а

Помеѓу големиот број граѓани дојдени од целата држава, денеска литургијата на Папата Франциско на плоштадот “Македонија” ја проследија и високи функционери на власта, пратеници, обвинители и амбасадори.

Во ВИП се најдоа лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, екс премиерот Владо Бучковски, лидерот на НСДП Тито Петковски, пратениците Сашо Василевски, Зијадин Села, Фросина Ременски, Елизабета Канческа Милевска, Горан Мисовски, Самка Ибраимовски. Даниела Рангелова, Нола Исмаиловска Старова, лидерот на ЛДП Горан Милевски, пратеничката Јулијана Нилолова.

Литургијата ја следат и јавниот обвинител Љубомир Јовевски и шефицата на одделот за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска.

Од високите функционери на власта присутни се заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, Андреј Жерновски, Дамјан Манчевски, Радмила Шекеринска Кочо Анѓушев, Бијат Османи, и останатите министри како и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.