Дали желбата на Трамп да ги врати Американците на Месечината ќе биде само еден скап излет?

Точка

17/05/2019

15:37

858

Големина на фонт

а а а

НАСА би требало да добие 21 милијарда долари за испраќање на нова мисија на Месечината, но се чини дека ниту тоа нема да ѝ биде доволно на американската вселенска агенција.

Кога американскиот претседател Доналд Трамп како стратешка цел ја истакна враќањето на Американците на Месечината, јасно беше дека тоа нема да биде ниту брзо, ниту пак евтино. Самиот факт дека Трамп побара 21 милијарда долари за финансирање на проектот, ги потврди очекувањата.

Но, проблемот е во тоа што и тие пари нема да им се доволни на НАСА. Од американската вселенска агенција порачаа дека ќе им бидат потребни дополнителни 1,6 милијарди долари во 2020-та година за да ја исполнат зацртаната цел и да испратат астронаути на Месечината до 2024-та година.


Шефот на НАСА, Џеф Брајденстајн најави дека ќе бидат потребни и повеќе пари за остварување на целта. Се шпекулира дека НАСА ќе побара од 6 до 8 милијарди долари повеќе на годишно ниво до 2024-та година.

Брајденстајн порача дека тие средства ќе бидат потребни за да се развие ново летало кое би можело да слета на Марс, нови вселенски одела, но и за да се финансираат дополнителни програми.

Првата вселенска програма на НАСА беше наречена Аполо, а најновата би требало да биде наречена Артемис. Американците планираат на Месечината да испратат и астронаутки и со тоа да им оддадат признание и на жените кои што работеле на Аполо програмата.


Сепак, од Конгресот не биле расположени за исплаќање на толку голема сума на пари, па затоа НАСА ќе мора да побара и други извори – најверојатно од програмата за финансирање на сиромашни студенти. Тоа за конгресмените кои доаѓаат од посиромашните делови на САД, секако нема да биде пријатна вест.

Се чини дека програмата Артемис би можела да биде многу скап излет за НАСА, па останува да се види дали Трамп ќе издејствува Конгресот да ги обезбеди потребните средства кои ќе ги вратат американските астронаути на месечината пред крајот на 2024-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг