Иднината на индивидуалниот градски превоз - мало, електрично и без возач

Точка

17/05/2019

17:16

824

Големина на фонт

а а а

Најновиот и најмал член на семејството Renault EZ автономни возила е концептот EZ-Pod, кој на паркинг зазема површина од само 3 квадратни метри.

EZ-Pod е замислен како мало, урбано електрично возило со индивидуален превоз на кратки релации - како додадок за другите видови на јавен-индивидуален градски превоз. 

Базирано е на механичката основа на електричниот модел Renault Twizy, па автомобилот зазема само 3 метри квадратни, што е значајно кога станува збор за возање и паркирање во тесните улици на многу европски градови.

Поради малите димензии, дизајнерите и инженерите се фокусирале на тоа што подобро да ја искористат патничката кабина и да добијат најголема можна корисна зафатнина.

Покрај тоа, предвидено е EZ-Pod да користи технологија на самовозечки автомобил, со кој управува компјутер.

Слично како електричниот модел Renault Twizy, и EZ-Pod има две места за седење - но во сосема поразлична конфигурација, па сместувањето на патници како и влегувањето и излегувањето од возилото е многу покомфорно.

Идејните творци на овој електричен автомобил предвиделе дека EZ-Pod може да се трансформира во мало доставно возило.

Renault наведува дека овој мал електричен концепт е идеален како "car-sharing" возило, кое ќе може да се резервира преку апликација и автоматски да оди до потенцијалните клиенти, а најмногу би се користело во пешачките зони во големите градови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг