Мурињо најави враќање: Се надевам ќе почнам со работа во јули, на проект кој…

Дерби

18/05/2019

14:42

967

Големина на фонт

а а а

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо во интервју за француската радио станица „РМЦ“ откри дека ќе се врати на тренерската работа во пресрет на следната сезона.

Мурињо е без работа откако беше избркан од Манчестер Јунајтед на 17 декември, а сега во ексклузивното интервју откри дека кога добил отказ си ветил дека ќе земе одмор до крајот на сезоната и дека по 17 декември одбил неколку клубови.

– Имам многу квалитети, а една од нив е тоа што ги респектирам другите клубови и нивните менаџери. Никогаш не сум рекол дека некој клуб ме посакува или дека ме контактирале. Кога си заминав од Манчестер Јунајтед во декември, веднаш донесов одлука дека сакам да работам од на лето. Се надевам дека ќе се вратам на работата што ја сакам од јули во проект кој навистина ќе ми се допадне, - истакна Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг