Модниот додаток на Гучи од 790 долари ги разбесни купувачите: “Навредивте милиони”

Точка

18/05/2019

17:09

7.806

Големина на фонт

а а а

Модниот бренд Гучи со својот нов моден додаток ги разбесни корисниците на социјалните мрежи. Станува збор за турбан кој се продава по цена од 790 долари.

Корисниците на социјалните мрежи овој пат не останале само разбеснети од високата цена туку и од фактот што тие воопшто имаат ваков производ во својата колекција. Проблемот се појавил бидејќи турбанот многу потсетува на традиционалниот турбан каков што носат припадниците на религијата сикизам. 

По бројните жалби кои пристигнале од страна на Сиките, продавницата Нордстром ги повлекла турбаните од продажба и се извинила по пат на социјалните мрежи. Од Гучи засега не се огласиле.


“Турбанот не е само украс, тоа е нешто што е свето за милиони Сики. Многумина ќе го сметаат ова за непристојно бидејќи луѓето ќе го носат како моден додаток, не разбирајќи го неговото длабоко религиско значење”, гласел еден од коментарите.

“Драги “не-Сики”, не трошете 750 долари на турбанот на Гучи. Пишете ми во инбокс и ќе ви договорам бесплатни лекции за тоа како да замотате турбан, а ќе добиете и ткаенина за турбан. Бесплатно. Во било која боја”.

“Дали некој во Гучи се потрудил да сфати што значи турбанот за Сиките? Дали ви паднало напамет за историјата зад нашиот идентитет? Мојот народ трпел дискриминација, дури и бил убиван поради носењето турбан”.

##https://twitter.com/SouthernSikh/status/1128298714697801729##




Спонзорирани линкови

Маркетинг