(+18) Откриена девојката која го тужи Нејмар за силување: Фудбалерот ги објавил нејзините голи фотографии

Супермен

05/06/2019

15:03

10.329

Големина на фонт

а а а

Скандал го тресе Бразил поради аферата во која е вмешан фудбалерот Нејмар. Имено, една девојка го обвинила најдобриот бразилски играч за силување, а тој реагирал на ваквото обвинение со објавување на видеа во кои објаснува што точно се случило, но и со мноштво нејзини голи фотографии.

Медиумите успеале да го откријат идентитетот на девојката, станува збор за сексапилната манекенка Наџила Триндаде. Полицијата покренала истрага по повод нејзината пријава за силување, бидејќи наводно Нејмар ја силувал на 15-ти мај во еден хотел во Париз. 


Како што навела, фудбалерот го запознала на Инстаграм, а по кратко допишување Бразилецот ѝ понудил да ѝ купи авионска карта за да допатува во Париз, каде ѝ обезбедил сместување во хотелот “Sofitel Paris Arc Du Triomphe”. Таа опишала дека Нејмар дошол пијан во хотелот околу 20 часот, и по разговорот и размената на нежности станал агресивен и на сила, без нејзина волја, ја присилил на сексуален чин.

Триндаде два дена подоцна се вратила во Бразил, но инцидентот не го пријавила во француската полиција бидејќи била “емотивно потресена и уплашена да изнесе факти во странска земја”.


Нејмар поради ваквото обвинение не може целосно да се концентрира на припремата за Копа Америка, каде Бразил е домаќин, а дури потпретседателот на сојузот порачал дека е подобро Нејмар да не игра на првенството поради целата ситуација.

Погледнете ги нејзините фотографии:


Ова се голите фотографии кои Нејмар ги објавил:




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk