Сè повеќе мажи се одлучуваат за пластични операции, а еве што прават најчесто

Супермен

13/06/2019

19:15

1.570

Големина на фонт

а а а

Естетските операции до неодамна беа табу тема, особено меѓу посилниот пол.

Но, Американското здружение на пластични хирурзи сега тврди дека мажите често легнуваат под нож и тоа првенствено поради настојувањето што подолго да го задржат младоликиот изглед. Згора на тоа, бројот на такви операции меѓу мажите се зголемил за 29 отсто во однос на 2000-та година.


Како што наведува Дејли Меил, најчесто прават ботокс, филери, липосукција, операција на носот и подигнување на очните капаци, а интересно е тоа што машките најчесто тврдат дека се „запуштаат“ после венчавката и откако ќе станат родители.

„Мажите очигледно не поминуваат низ истите физички промени како жените. Меѓутоа, она што се менува е нивниот животен стил кој потоа го одржува нивниот изглед. Не спијат доволно, а диетата и вежбањето обично не им се редовна рутина. Мажите обично почнуваат поинаку да изгледаат во доцните 30-ти и 40-ти години, кога ќе го попримат т.н. „татковски изглед“, објаснил д-р Алтан Матарасо, од Американското здружение на пластични хирурзи.


Сепак, како што објаснил Матарасо, ниту мажите не се имуни на привлечност, па сè почесто се одлучуваат за зафати за отстранување на влакната, а подложни се и на намалување на градите, како и трансплантација на коса.

Според податоците на Американското здружение на пластични хирурзи, во 2018-та година имало повеќе од 200.000 пластични операции на мажи, од кои 52.000 биле операции на нос, па следуваат подигнувањето на капаците и липосукцијата. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk