Викендите се резервирани за јадење со семејството. Идеален викенд доручек за целото семејство, многу брзо се подготвува, а неговиот вкус сите го паметат.
Потребно ви се следните состојки:
- помали парчиња леб (стар);
- 2 јајца;
- 150 грама шунка;
- 100 грама кашкавал;
- 100 милилитри млеко.
Подготовка:
Исечете го лебот на помали парчиња. Плехот обложете го со хартија за печење, распоредете го лебот во круг, а помеѓу секое парче ставете парче шунка и кашкавал. Изматете ги јајцата со павлака, додадете млеко и сè измешајте убаво.
Прелијте го лебот со оваа смеса, а одгоре изрендајте малку кашкавал. Печете на 220 степени целзиусови и послужете го јадењето топло.