Додека таа беше луда за секс, останатите беа луди по неа: Погледнете како Саманта изгледа денес

Точка

17/06/2019

13:37

6.599

Големина на фонт

а а а

Актерката претходно со својот изглед привлекуваше внимание каде и да се појавеше. Актерката Ким Катрал (62) беше ѕвезда од серијата „Сексот и градот“ каде што го толкуваше ликот на фаталната заводничка Саманта Џоунс која често ги менуваше сексуалните партнери.

Ким беше една од најомилените ликови, а со својот изглед привлекуваше внимание како на снимањето така и надвор од него.

Актерката често знаеше да изјави дека многу се грижи за својот изглед па така еднаш на шега изјавила дека е на диета уште од 1974-та година.

„Сакам да јадам, а природно не сум толку слаба, особено во овие години морам да внимавам на исхраната. Затоа никогаш не јадам десерт по оброкот затоа што знам колку е тешко да се изгуби тој вишок килограм“ - изјавила минатата година во некое интервју.

Ким остана природна и не посегна по пластична хирургија, но таа изјавила дека многу се грижи за нејзиното лице.


„Моите пријатели не ме перцепираат како секс бомба, тие многу добро знаат која сум јас и колку се разликувам од ликот кој го толкував“ - изјавила Ким.

Ким денес има полни 62 години, а годините и тоа како се забележуваат на нејзиното лице.

Меѓутоа се забележува и нејзиниот шарм со кој некој се раѓа или пак не се раѓа.

Ким во февруари 2018-та година јавно се “пресмета“ со Сара Џесика Паркер, односно Кери од „Сексот и градот“.


Сè започнало со тажната вест кога Ким на 5-ти февруари дознала дека нејзиниот брат за кој 18 часа претходно објавила дека исчезнал, всушност починал.

Поддршка стигнала од сите страни па дури и од нејзината некогашна многу блиска колешка и другарка Сара Џесика Пакер. Токму таа порака Саманта ја извадила од такт.

„Не ми треба твојата љубов ниту поддршка, во овој трагичен момент“ - пораката која Ким ја објавила, а покрај неа напишала:

„Мајка ми денес ме праша: „Кога таа Сара, таа лицемерка ќе те остави на мир?“ Ајде да ти разјаснам нешто (ако досега не сум разјаснила): Ти не си мое семејство. Ти не си мој пријател. Затоа ти пишувам последен пат да прекинеш да ја експлоатираш нашата трагедија за себеси да се претставиш како “добра девојка“!“ - напишала тогаш Ким.





Спонзорирани линкови

Маркетинг