Слаб ви е сигналот на WiFi во домот?: Необични предмети кои можат да пречат во интернет врската

Точка

17/06/2019

18:18

5.724

Големина на фонт

а а а

Доколку вашиот рутер се наоѓа во близина на овие работи тогаш не е чудно што сигналот од WiFi ви е лош. Доколку WiFi сигналот ви е полош отколку што треба тогаш можеби е виновна некоја од овие работи која се наоѓа во вашиот дом.

Ова се најголемите “непријатели“ на WiFi и затоа рутерот треба да биде што подалеку од нив:

Дебели ѕидови  

Дебелите ѕидови може да претставуваат проблем за безжичниот интернет. За жал, тука “рацете ви се врзани“ затоа што не може да влијаете на нивното позиционирање.

Сепак може да испланирате претходно и да го ставите рутерот на подобра позиција во вашиот дом.

Внимавајте вашиот рутер да не биде во близина или прилепен до бетонските ѕидови, камења, цигли, керамика и огледало.

Доколку сепак не сте во можност да ги решите овие проблеми тогаш најдобро би било да се поврзете на интернет преку кабел.


Аквариум

Проблемот не е стаклото од кое е направен туку водата.

Безжичниот сигнал има проблем да премине преку водата така што аквариумот може да биде препрека затоа што апсорбира голем дел од WiFi сигналот.

Затоа многу е важно рутерот да биде што подалеку од аквариумот и на позиција од која што без проблеми ќе може да емитува сигнал во сите правци.

Микробранова печка или телевизор

Доколку просторот во домот ви е ограничен тогаш веројатно ќе го поставите вашиот рутер покрај телевизорот или микробрановата печка.

Но позицијата не е добра ниту во едниот ниту во другиот случај. Овие уреди може да направат хаос од сигналот затоа што функционираат на иста фреквенција како и WiFi мрежата што значи дека мал проток на радијација од овие уреди може да пречи во сигналот.

Други уреди кои можат да направат блокада се фрижидер или пак безжични звучници.


Метални предмети

Огледало со метална рамка многу лесно може да го одбива или да го привлекува сигналот што доведува до негово ограничување или “слабеење“.

Енергетски ефикасни прозорци

Овие прозорци се одлични за намалување на потрошената енергија и регулирање на клима уредот во домот, но исто така можат да бидат и голем “непријател“ на интернетот.

Тоа е така затоа што овие прозорци имаат ниско емитирачки слој кој всушност е транспарентен метал.

Затоа добро би било доколку рутерот ви е поставен подалеку од нив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг