Гренланд експресно се топи, одеднаш исчезнале 2 милијарди тони мраз

Точка

17/06/2019

21:03

3.030

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 40 проценти од Гренланд останал без мраз.

Повеќе од 40 проценти од Гренланд останал без мраз, а се проценува дека се стопиле повеќе од 2 милијарди тони мраз - минатата недела. 

Вака голема количина на мраз кои исчезнале толку рано на почетокот на летната сезона, не се баш вообичаена појава. Сезоната на топење на Гренланд трае од јуни до август, а врвот е во јули. Тоа забележано топење е необично, но не е преседан, вели Томас Мот од Универзитетот Џорџија.

"Можеме тоа да го споредиме со некои рекорди кои можевме да ги видиме во јуни 2012-та година", рекол тој зборувајќи за годината кога бил поставен рекордот, пишува CNN.

Вака големо топење на мраз на почетокот на летото може да биде лош знак, и најава дека оваа година ќе биде рекордна кога станува збор за топењето.

Мот објаснил дека ова рано топење всушност овозможува дополнителна количина на мраз да се стопи и подоцна во текот на летото. Имено, снегот и мразот, кој е светол и ги рефлектира сончевите зраци назад во просторот, ја намалува количината на топлина која се апсорбира и помага ледената покривка да се одржи студена, процес кој се нарекува албедо.

Кога тој процес го нема, повеќе летна топлина се апсорбира во мразот и го топи. Мот смета дека сите тие знаци најавуваат дека не очекува голема сезона на топење, а тој не е единствениот научник кој мисли така.

Во мај Џејсон Бокс, климатолог од Данска, предвидел дека 2019-та година ќе биде голема година за топење на Гренланд.

Бокс нагласил дека оваа година имала многу рана сезона на топење и дека почнала да се случува три недели порано од обично, па дури и порано отколку во рекордната 2012-та. И снежната покривка е веќе многу пониска од просечното на западен Гренланд, а кога сите тие фактори ќе се соберат, "најверојатно оваа година ќе биде година на големо топење и ќе ја надмине 2012-та".

Причина за тоа е времето, вели Мот.

"Имавме гребен кој беше усидрен на источен Гренланд и во текот на поголемиот дел од пролетта, што доведе до топења во април, а тоа продолжува и понатаму", нагласува тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг