Пред него имала само две момчиња, а пораснала во религиозно семејство: Меган Фокс му заврте грб на Холивуд, а еве што прави сега!

Точка

11/07/2019

21:15

8.620

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс своевремено важеше за една од најубавите и најатрактивните актерки, но во еден момент одлучила да му заврти грб на Холивуд.

Една од главните причини поради која се откажала од славата е нејзината желба во целост да биде посветена на семејството и мајчинството. Во професионалниот живот е посветена на хуманитарна работа, дел е од една емисија на телевизија, се занимава со дизајн, а одвреме навреме прифаќа и некоја актерска улога.


Меган денес е во брак со 12 години постариот Брајан Остин Грин, а заедно се од 2004-та година. Фокс во една прилика призна дека пред него имала само две момчиња, бидејќи е растена во строго и религиозно семејство. Нивната врска е многу турбулентна, а до „точка на вриење“ дошло во 2015-та година, кога парот објави дека се разведува поради непомерливи разлики.

Меѓутоа, наместо развод следеле промени, па и раѓање на третиот син. Оставаат впечаток како да можат да се справат со брачните препреки, но исто така ги кријат деталите од својот приватен живот. Без оглед на нивната тишина и мистериозноста, изгледа дека засега сè е во најдобар ред. Често можат да се забележат заедно во многу романтчни излегувања во јавноста.


Неколкупати отворено зборувала за непријатностите на сминањата и почнала постепено да си заминува од сцената. Меган Фокс и понатаму прифаќа по некоја мала улога, а можеме да ја гледаме и во ТВ емисија, во која зборува за археологија, патувања и неразјаснети мистерии. Исто така успешно се занимава со дизајнирање на долна облека и костими за капење. Многу е посветена на хуманитарната работа и комплетниот хонорар од глумата во еден спот на Еминем го подарила во сигурна куќа за жени кои биле жртви на семејно насилство. Изгледа дека актерката е среќна со тоа што го прави и ужива во секој момент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг