Ајфон останува без тоа по што е најпрепознатлив?

Точка

15/07/2019

18:39

2.830

Големина на фонт

а а а

Најновите генерации на Ајфон, односно од моделот „Х“ до денешните модели, можеби и се најпрепознатливи по својот “Notch” кој набрзо стана тренд и кај телефоните на останатите производители.

Сепак, популарниот „заб“ на горниот дел од екранот каде што е сместена предната селфи камера, звучникот и сензорите, би можел да стане минато.

Аналитичарите на банката “Credit Suisse” прогнозираат дека новата генерација на Ајфон нема да има “Notch” на екранот. Според нивните најави, еден модел (најверојатно iPhone 12 Max) ќе остане без “Notch” идната година, а без засекот на екранот ќе останат и сите три модели од 2021-ва година.

Наводно во Apple развиваат технологија која ќе овозможи поставување на предната камера под самиот екран, нешто слично на решението кое неодамна го претставија од компанијата Oppo.


Сепак, тоа би можело да значи дека новите генерации на Ајфон би можеле да ја загубат технологијата за препознавање на лице Face ID. Од Apple наводно ќе ја заменат со поставување на скенер за отпечатоци на прсти под самиот екран, решение кое веќе го користат повеќе паметни телефони на конкурентските компании.

Како што пренесува “Tech Radar”, ништо од ова нема да пристигне кај овогодинешната „единаестка“ на Ајфон, кој како што се очекува, ќе биде претставен во септември и нема да донесе некои значајни новитети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг