Овие сандали владееле на модната сцена на крајот на минатиот век, а сега после 20 години, повторно ја освојуваат.
Познато е дека модата се врти во круг и дека трендовите се враќаат, можеби и побрзо од што очекуваме. Ова лето на модната сцена се враќа стилот од 90-те години. Станува збор за сандали во квадратна форма.
Токму вакви сандали носеле сите познати дами во тие години. Ретро силуетата нѝ се враќа во поубаво светло отколку кога се појавиле, па така имаме сандали со ременчиња, мокасини и папучи.
Со овој модел секој ваш стајлинг ќе го направите интересен.
Инвестирајте оваа сезона во овој модел на сандали и ќе може да го носите речиси со сè.
Токму овие чевли ги поделија жените, додека едни полудеа по нив, на други воопшто не им се допаѓа.