Холандската легенда, Марк Овермарс кој сега е директор во Ајакс испрати еден конретен совет до неговиот поранешен клуб Арсенал.
Овермарс како и многу навивачи на „топчиите“ верува дека клубот треба да се ослободи од Месут Озил кој веќе неколку сезони е далеку под посакуваното ниво. Воедно Марк смета дека тимот од Лондон како негова замена треба да го купи 26-годишниот Хаким Зијеш кој во претходната кампања за Ајакс имаше учинок од 21 гол и 24 асистенции.
-Јас сум изненаден што се уште е тивко околу Хаким. Мислам дека секоја сезона е се подобар и неговата статистика е исклучително добра. Многу клубови се повеќе тоа го гледаат. Тие повеќе ги гледаат бројките отколку тоа што го покажува и што се случува околу него. Мислам дека Зијеш е подобар од Месут Озил. Ова би му го кажал на Арсенал: продадате го и ќе го добиете Хаким за половина цена. Ама тие не ме слушаат. Па така тој може да остане во Ајакс,-вели Овермарс.