Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Макфакс

15/07/2019

23:55

6.934

Големина на фонт

а а а

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети.

Налогот за претрес бил издаден од Обвинителството за организиран криминал.

Според неофицијални информации, полицијата успеала да одземе еден од два мобилни телефони, бидејќи шефицата на СЈО рекла дека другиот го изгубила.

Полицијата вечерва влезе и во домот на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, како и во 1ТВ, медиум чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг