Фустанот со длабок шлиц и провиден материјал бил вистински “мамец“ за погледи.
Роси Хантингтон Вајтли го привлекла целото внимание на себе на премиерата на филмот „Fast and Furious“ во Лос Анџелес.
Популарната манекенка дошла во придружба со својата посилна половина, холивудскиот актер Џејсон Статам.
Иако Џејсон бил главниот јунак на оваа премиера, сепак целото внимание го привлекла 32-годишната избраничка која носела отмен бел фустан за кој велат дека не “трпи“ долна облека.
Фустанот е креација на модната куќа „Версаче“, а целото тоа модно издание го надополнила со секси сандали со потпис од италијанскиот дизајнер за обувки Џузепе Заноти.