Единствена Македонија: Лидерски средби меѓу две албански и две македонски партии се неприродни и штетни

Макфакс

16/07/2019

13:36

1.750

Големина на фонт

а а а

„Зоран Заев повторно, којзнае кој пат, за утре свикува таканаречена лидерска средба само со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство во државата. Досегашната практика на т.н. лидерски средби во исклучиво тесен круг учесници не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија оти Македонија практично се движи кон сопственото исчезнување со бришење сè што е македонско“, соопшти Единствена Македонија.

Партијата упатува јавен предлог до Заев како организатор на настанот за промена на форматот на учесниците на т.н. лидерски средби.

„Решение да се бара според формулата за учество на 15 партии во преговорите со следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии, и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства и, второ, учеството само на две македонски и две албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти сите други малцинства во земјата и не дава гаранција за заштита на виталните национални и државни интереси.

Ги потсетуваме Заев и Мицкоски дека во татковинската војна во 2001 година Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии поради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време“, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг