Рекорден број на смртни случаи од дрога во Шкотска

Макфакс

16/07/2019

19:39

1.539

Големина на фонт

а а а

Бројот на смртни случаи од дрога во Шкотска пораснал за 27 отсто во 2018 година, кога се забележани рекордни 1.187 смртни случаи како последица од конзумирање наркотици, покажа извештајот на шкотскиот Завод за статистика.

Консумирање хероин, морфиум, метадон, кодеин, земање на еден или повеќе видови опојни средства се наведени како причина за смрт кај 1.021 лице или кај 86 проценти од вкупниот број смртни случаи како последица од земање дрога.

Стапката на смртност е три пати повисока отколку за цела Велика Британија и највисока на ниво на цела Европска Унија.

Според податоците на Заводот за статистика, најголем дел од починатите се мажи – 72%, лица на возраст од 35-44 години. Најголем дел од починатите се во Глазгов, 33%.

„Овие податоци се шокантни. Неопходно е оваа трагедија да се третира како прашање на јавното здравје и подготвени сме да преземеме иновативни и смели мерки“, изјави шкотскиот министер за здравство Џо Фицпатрик.

„Овие статистички податоци не одговараат на едно од најбогатите општества во Европа“, коментира Розан Макласки, шефица на здружението Addaction, кое се бори против зависноста од дрога.

„Треба да престанеме кривично да ги гониме луѓето кои користат дроги и да ги поврземе со службите за лекување. Поддржувам заеднички простории за нарко зависниците“, додала таа.

Повеќе шкотски политичари се заложија за одредување простории за конзумирање дрога со лекарски надзор, но во таква мерка не верува британската конзервативна влада, која ја одредува политиката во врска со дрогата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг