Секој трет жител е милионер: Оваа европска земја е вистински рај

Точка

19/07/2019

11:20

4.180

Големина на фонт

а а а

Владата ја реинвестира заработката од туризмот и другите капитални добивки назад во заедницата за да го подобри квалитетот на животот.

Втората најмала држава на светот, по Ватикан, и најмалата држава во западна Европа уште е позната како “игралиште за ултрабогаташи“.

Станува збор за Монако.

Од 38.300 луѓе, колку што живеат во Монако, околу 12.161 се милионери, според извештајот од „Knight Frank Wealth“ за 2019-та година. Тоа значи дека 32 отсто од жителите на Монако (речиси третина) се милионери.


Владата ја реинвестира заработката од туризмот и другите капитални добивки назад во заедницата за да го подобри квалитетот на животот и да ги привлече богаташите да продолжат да доаѓаат и да купуваат недвижнини, изјавил бизнис инсајдерот Карин Адамс од проектот „Borgen“.

Голем број од туристите ги привлекуваат коцкарниците кои се главен дел на приходите. На граѓаните државата не им зема данок за приходите, поради тоа во Монако се доселиле голем број луѓе кои сакаат да ги избегнат даноците од своите матични држави.


Од друга страна пак, во Монако има средоземна клима со благи и топли зими, но не со жешки лета, што дополнително ја прави оваа дестинација попримамлива за ултрабогаташите.


Становите во Монако се од 2.2 до 22.3 милиони долари, а за помал и поедноставен стан треба да издвоите само 1.6 милиони долари.

Меѓу милионерите кои живеат во Монако, во главниот град Монте Карло се смети и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со своето семејство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг