Зошто сè повеќе сопственици на iPhone се префрлуваат на Android телефони?

Точка

19/07/2019

14:55

1.748

Големина на фонт

а а а

Според истражувањето кое го спровеле „BankMyCell“, компанијата која посредува за време на продажба и купување мобилни телефони, многу сопственици на iPhone се префрлуваат на Android телефони, отколку што Android корисниците се префрлуваат на iPhone.

До овој заклучок дошле со анализирање на повеќе од 38.000 корисници на нивниот портал. Се покажало дека во јуни оваа година, 18,1 отсто од сопствениците на iPhone го смениле својот телефон за некои Android модели на телефони. Ако ги гледаме само iPhone X, дури 26 отсто корисници се префрлиле на Android, пренесува „PC Press“.

Според ова истражување, највисок степен на лојалност кон Андроид покажале сопствениците на Самсунг телефоните. Само 7.7 осто Galaxy S9 телефони се префрлиле на iPhone, додека дури 92.3 отсто останале на Android.


Претходно оваа недела, консултантската компанија Кантар, објавила дека во вториот квартал оваа година продажбата на iOS уреди, чинела 36% од вкупната продажба на телефони во САД, што е пад од 2.4 одсто во однос на истиот квартал минатата година. Продажбата на Андроид телефоните во истиот период пораснала за 2.5 отсто (вкупно 61 процент).

Истовремено, Гартнер објавиле дека продажбата на телефони на глобално ниво е во најголем пад откако тие се на пазарот и дека се очекува оваа година да бидат продадени 68 милиони телефони помалку од минатата година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг