Дрон кој фрла пламен - наскоро во продажба

Точка

19/07/2019

18:57

1.350

Големина на фонт

а а а

За неколку дена, сите заинтересирани купувачи ќе можат да го набават TF-19 Wasp, функционален фрлач на пламен за тешки дронови кој го произведе компанијата Throwflame од американската сојузна држава Охајо.

TF-19 Wasp може да погоди мета од речиси осум метри оддалеченост, а има резервоар на гориво од еден галон кој му овозможува „произведување“ на оган околу 100 секунди.

Ваквата модификација на дрон се најде на мета на бројни критики и во САД се поставува прашањето зошто на некому би му бил потребен дрон кој може да фрла оган.

Од компанијата Throwflame велат дека дронот може да се користи за палење на трева на непристапни терени, топење на мраз, уништување на гнезда на инсекти, како и за пиротехнички случувања.

Додатокот се продава по цена од 1,499 долари, а покрај додатокот, купувачот ќе мора да купи и специјален дрон кој може да понесе поголем товар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг