САД со засилени воздушни патроли над Ормускиот залив

Макфакс

20/07/2019

13:38

1.377

Големина на фонт

а а а

Силите на САД ги зајакнаа воздушните патроли над Ормускиот залив, како одговор на иранската заплена на британскиот танкер со нафта, соопшти Централната команда на американската војска.

Портпаролот потполковник Ерл Браун изјави дека помал број патролни летала се движат низ меѓународниот воздушен простор за да ја надгледуваат ситуацијата, а морското крило на Централната команда е во контакт со американските бродови во тоа подрачје.

Вчера, иранската Револуционерна гарда заплени британски танкер во Ормускиот залив.

Шефот на британската дипломатија потврди дека за настанатата ситуација разговарал со државниот секретар на САД Мајк Помпео, а очекува да разговара и со иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф. Од друга страна, денеска Иран соопшти дека танкерот бил запленет по судир со рибарски брод.



Спонзорирани линкови

Маркетинг