Понеделник за многумина е најстресниот ден во неделата: Ако губите битка со нервозата, еве кои намирници ќе ви го подобрат расположението

Точка

19/08/2019

13:24

1.840

Големина на фонт

а а а

Ви се чини дека во последно време сè почесто ја губите битката со стресот? За среќа, можете да го ублажите на природен и вкусен начин.

Во тоа, пред сè, можат да ви помогнат следните 5 намирници. 

Портокал

Ако во последно време сте често под стрес, припремете си чинија свежи портокали. Агрумите како портокалите и мандарините содржат висока количина на витамин Ц кој се покажал како корисен во борбата против стресот. Зголеменото ниво на витамин Ц може да го намали нивото на кортизол (хормон на стрес), како и вашиот крвен притисок кој може да се покачи во текот на долгите стресни ситуации.


Бадеми и други јаткасти плодови

Бадемите, ф'стаците и оревите се богати со омега-3 масни киселини кои го намалуваат нивото на стрес и истовремено ве штитат од депресија.

Овесна каша

Не само што е секогаш добар избор кога сакате здрав појадок кој ќе ве засити, туку овесната каша и го намалува нивото на кортизолот во вашиот организам. Внесот на овесна каша исто така може да го зголеми нивото на серотонин, хормон кој ја има главната улога во ситуациите кога се чувствуваме среќно и задоволно.


Темно чоколадо

Освен што е одличен десерт, чоколадата може да направи чуда кога е во прашање вашето расположение. Темното чоколадо го ублажува стресот и кај лицата кои патат од анксиозност.

Чај од камилица

Ако сите горенаведени намирници сè уште не се доволни за да се ослободите од стресот, пробајте да ги “залеете” со една шолја топол чај од камилица. Овој топол напиток има ублажувачки својства и ќе ве смири во текот на напнатите ситуации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг