Хит совет од бразилскиот претседател: Ако сакате да ја спасите околината, одете во тоалет секој втор ден

Точка

20/08/2019

16:30

1.568

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро смета дека намалувањето на апетитот ќе и помогне на планетата и сугерира луѓето да вршат голема нужда секој втор ден за да го спасат светот.

Откако неодамна го критикувале поради наглиот пораст на сечењето на шуми во Амазонија, тој го отпуштил шефот на агенцијата кој ги дал овие поразителни податоци во јавноста, обвинувајќи го дека изнесува невистини за размерите на проблемот. 

Во новинскиот извештај се нашол и податокот дека сечењето на шумите е одговорно за четвртина од ефектот стаклена градина на Земјата.

На прашањето како ќе ги усклади земјоделскиот развој и заштитата на околината, бразилскиот претседател го дал следниот совет:

"Доволно е да јадете помалку. Зборувате за загадувањето на околината. Доволно е да вршите голема нужда секој втор ден. Тоа ќе биде подобро за целиот свет", рекол тој.

Научниците наведуваат дека Амазонската прашума претрпела страшни загуби и тоа во краток рок откако одговорноста ја преземал Болсонаро. Податоците од бразилската вселенска агенција покажале пораст на сечењето на шумите од дури 88 проценти во јуни, во однос на истиот месец минатата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг