Сончево и топло време со температури до 38 степени

Макфакс

21/08/2019

09:28

732

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 36 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и топло време, а зголемување на облачноста ќе има од петок. Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг