Трамп како навредено дете: Данска одбила да му го продаде Гренланд, а тој им ја откажал посетата

Точка

21/08/2019

09:37

1.948

Големина на фонт

а а а

Белата куќа ја одложила посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Данска, која била планирана за 2-ри и 3-ти септември, јавува NBC News.

Претставник од Белата куќа ја потврдил оваа информација за телевизијата. Трамп го поканила данската кралица во официјална посета. 

Претходно Доналд Трамп изјавил дека ќе ја одложи посетата по изјавата на премиерката на Данска дека Копенхаген не е заинтересиран за продажба на Гренланд на САД.

"Данска е многу посебна земја со неверојатни луѓе, но, на основа на коментарите на премиерката Мете Фредрикесен, дека не е заинтересирана за разговор за купување на Гренланд, јас ќе го одложам нашиот состанок кој е планиран за две недели, на друго време", напишал Трамп на Твитер.

Минатата недела било објавено дека Трамп ја разгледува можноста за купување на Гренланд. Во Данска биле изненадени од идејата на американскиот претседател, додека владата на оваа автономна област тоа го отфрлила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг