Овие зборови ја кршат секое утро: Сопругата на починатиот фудбалер неутешна! Ја објави последната порака која ѝ ја испратил само четири часа пред смртта

Точка

21/08/2019

19:02

4.719

Големина на фонт

а а а

Трагичната сообраќајна несреќа во која загина шпанскиот фудбалер Хосе Антонио Рејес, го потресе фудбалерскиот свет во јуни оваа година.

Поминаа повеќе од два месеци од погребот, а раните и понатаму се свежи. Во носталгија за сопругот, Ноелија на социјалните мрежи објавила screenshot од последната порака која ѝ ја испратил Рејес.


„Добро утро душо, те сакам“, ѝ напишал на сопругата во пораката која ѝ ја испратил во 07:43 наутро, а четири часа подоцна настрадал во страшна сообраќајна несреќа.

Ноелија Лопез после неговата смрт со емотивно писмо се опростила од саканиот сопруг.

„Љубов моја, не можам да поднесам волкава болка. Нè остави сами, ми ја зема желбата за живот. Денеска морам да ти кажам збогум, но немам сила. Ќе ти кажам: 'Ќе се видиме наскоро, бидејќи јас и ти засекогаш ќе бидеме заедно. Животе мој, помогни ми, бидејќи не можам да си го замислам животот без тебе. Помогни ми да ја кренам нашата ќерка. Дај ми сила. Секогаш ќе мислиме на тебе, засекогаш ќе те чуваме во нашите срца. Нѝ пружи најдобар можен живот и нè оставаш со најубави спомени. Во очите на Ноелин ќе те гледам тебе, а во насмевката на Тријан ќе се смеам со тебе. Те сакам и секогаш ќе те сакам“, напишала таа.


Да потсетиме, поранешниот играч на Арсенал настрадал кога неговиот мерцедес при брзина од 237 километри на час излетал од патот, удрил во неколку блокови кои биле од десната страна, после што се превртел неколкупати. Автомобилот потоа се запалил. Трагично настрадал и неговиот братучед, Џонатан Рејес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг