“Важна е слободата на избор”: Актерката направила два абортуси и вели дека воопшто не се кае поради тоа

Кармин

22/08/2019

14:18

4.144

Големина на фонт

а а а

Актерката Алиса Милано во неодамнешното гостување во еден подкаст открила дека направила два абортуси во 1993 година. Алиса останала бремена дури два пати иако пиела контрацептивни пилули.

“За првпат бев заљубена и тоа на начин кој остава без здив и како што можете да сакате само кога сте млади. Тоа беше нешто големо за мене, го исполнуваше секој дел од мојот живот”, изјавила таа. 

Иако не го именувала партнерот, Милано во тоа време била во врска со Скот Волф. Тие се запознале на снимањето на филмот “Double Dragon” во јуни 1993 година, а тој ја запросил во октомври.

Кога дознала дека е бремена и покрај тоа што пиела контрацепција, знаела дека не е спремна да биде мајка и направила абортус.

“Тоа беше мој избор, јас избрав. Јас одлучив, не беше лесно”, додала Алиса.

Продолжила да пие контрацептивни пилули, но по неколку месеци повторно останала бремена и уште еднаш морала да донесе важна и тешка одлука. Актерката нагласила дека способноста да избира и во двата случаи влијаело на нејзиниот живот.

“Не би ги имала моите деца, моите прекрасни, совршени, сакани, нежни и незаменливи деца кои имаат мајка која и тоа како беше спремна за нив”, изјавила Милано.

За крај нагласила дека многу жени се соочуваат со истите проблеми и дилеми, но дека е многу важно да ја имате слободата да одлучите што ќе правите со вашето тело и вашиот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk