Меркел: Г7 не може да молчи пред пожарите во Амазонија

Макфакс

24/08/2019

12:36

896

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека лидерите на Г7 не можат да останат неми пред пожарите во шумите на бразилската Амазонија и дека ќе апелираат да се направи сѐ што е можно за да се сопре огнената стихија.

Таа преку видео порака изјави дека Германија го поддржува повикот на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој истакна дека на самитот што почнува денеска треба да се разговара за пожарите во Амазонија.

„Макрон е во право. Нашиот дом гори и ние не можеме да молчиме“, рече Меркел.

Таа додаде дека лидерите се потресени од пожарите и дека ќе разговаат за тоа како може да се помогне, како и дека ќе испратат јасна порака оти сите мора да се вклучат за да се изгасне огнот во прашумата за која се вели дека ги претставува белите дробови на планетата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг