Нов пресврт: „Лекип“ тврди дека Нејмар се откажал од Барселона и Реал

Дерби

24/08/2019

14:27

859

Големина на фонт

а а а

Трансфер сагата на Нејмар ќе заврши помалку невообичаено, барем поради начинот на кој се однеуваше Бразилецот со неговиот актуелен клуб ПСЖ.

„Лекип“ денеска тврди дека изминативе денови постоело одредено приближување меѓу ПСЖ и менаџерскиот тим на Нејмар, а тоа значи дека се зголемуваат шансите да дојде до помирување и Бразилецот да остане во редовите на францускиот шампион.

– Двете страни водат цивилизирани разговори и преговори – истакнал изворот на „Лекип“, што според медиумот е знак дека и Леонардо, но и Нејмар ќе прифатат продолжување на соработката и покрај досегашните конфликти.

За Нејмар најзаинтересирана беше Барселона, но шансите на Каталонците да го вратат играчот во своите редови се се помали, а сериозно пасивен е и Реал Мадрид кој се споменуваше во оваа комбинација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг