Египетскиот “град на мртвите“ крие шокантни мумии - самиот поглед кон нив ја замрзнува крвта во вените!

Точка

06/09/2019

15:16

3.627

Големина на фонт

а а а

Научниците повеќе од 150 години го истражуваат античкиот “свет на мртвите“ во Сахара и Египет, а тоа место и понатаму е преполно со мистерии.

“Подземниот свет“ е составен од Џосеровата пирамида која се смета за најстара на светот, но и џиновската гробница, се наведува во серијата „Египетско големо богатство“.

Водителката Бетани Хјуз наоѓалиштето го нарекла “египетски град на мртвите“ и “археолошка ризница“. Според нејзините зборови под локацијата се наоѓаат илјада, можеби и милион мумифицирани тела.

Таа истакнала дека неои од пронајдените работи тешко е да се објаснат.

„Сите овие мумии се извонредни, но археолозите пронашле уште нешто. Не се погребани само тела од луѓе туку и од животни. Во една масовна гробница има осум милиони мумифицирани кучиња, а во друга четири милиони птици ибис“ - истакнала таа и додала дека има и мачки, мајмуни, крокодили, риби и други животни.

Наоѓалиштето го открил Август Мариет во 1850-та година кога ја забележал главата од сфингата насред пустинската дина. Следејќи неколку подземни тунели пронашол неоштетена гробница направена од цврст гранит тежок околу 90 тони. До бизарното откритие дошол кога разбил еден ковчег во кој се наоѓал еден огромен мумифициран бик.

„Сфатил дека древните Египќани правеле огромни ковчези и дека целокупното пронаоѓалиште има подземни гробници во кои биле погребувани големи бикови“ - навела Бетани Кјуз.

Освен за истражувачите ова место е магнет и за туристите. Во август оваа година Министерството за антиквитети и Министерството за урбанизам во Египет потпишале протокол за зачувување на археолошкото и културно наследство кое вклучува и развивање на стручните служби на тоа археолошко пронаоѓалиште.



Спонзорирани линкови

Маркетинг