Босанците нè “прегазија“: Еко село „Рај у рају“ во чест на непреболениот Тоше Проески

Точка

06/09/2019

19:36

4.894

Големина на фонт

а а а

На официјалната страна на легендарниот Тоше Проески, денеска беше објавено дека на околу 80 километри од Сараево има Еко село, наречено „Рај у рају“, кое му е посветено токму на него.

Тоше Проески засекогаш ќе остане непреболена легенда, за која вечно ќе има што да се зборува, раскажува, твори и создава.

Македонците не се единствени кои сакаат и се трудат нешто да направат за нашиот ангел, туку и целата поранешна Југославија на различни начини му оддава почит на покојниот.

Во Еко селото во Сараево на неколку места има табли на кои се испишани стихови од неговите песни. Токму овие стихови влеваат многу емоции кај посетителите.

Под оваа објава има разни коментари, и многу споделувања. Но, сепак, фановите се срамат од својата земја, која, како што велат, најмалку направила за Тоше.

„Браво, секоја чест! А, во Крушево сè уште гробот не му е направен“, „Ете, другите повеќе го ценат нашето отколку ние“, се дел од коментарите на фановите.

Од фан страната не останале воздржани, и најавија дека ќе го направат гробот и тоа светски.

„Во Македонија има улици по негово име, фонтани, споменици, има и спомен куќа светски направена како што доликува за легенда. Секој датум поврзан со него е одбележан достојно, со концерти, со хуманитарни акции, крводарителства итн. Сега и најголемиот стадион во Скопје се вика Тоше Проески, така да немојте луѓе не е фер да зборите дека Македонија не го цени. Гробното место да, не е направено ко што треба, но мн наскоро ќе се среди и тоа...“, напишаа во коментар админите на страна на Проески.




Спонзорирани линкови

Маркетинг