Туристите на овој грчки остров секоја вечер пијат алкохол и се дрогираат - еве зошто нивниот организам тоа може да го издржи

Точка

10/09/2019

10:39

16.962

Големина на фонт

а а а

Иновативната IV терапија која го “убива“ мамурлукот се појавила минатата година на Миконос, а оваа година станала секојдневие за туристите кои на овој остров доаѓаат само со една цел - да пијат и да се дрогираат.

Новата мода на остроот на “сексот, дрогата, алкохолот и непрекинати забави“ е инфузија која во себе содржи серум кој ќе ве “воскресне“ после забавата.

Сега на островот има и цели тимови на доктори кои го започнале овој бизнис и според зборовите на грчките медиуми, заработуваат сериозни пари од тоа.

Станува збор за коктел терапија со помош на која пациентите добиваат силни витамини директно во крвта - магнезиум, витамин Ц, калциум и неколку видови витамин Б.

Луѓето кои ја измислиле оваа терапија се познати од другата страна на Атлантикот поточно во градовите како Мајами, Лас Вегас и Лос Анџелес, сметаат дека продорот на витамини и минерали директно во крвта на организмот можат да влијаат поефикасно од таблети со истите состојки.

Токму така туристите го избегнуваат мамурлукот и нус појавите на сето тоа што го консумирале претходната вечер.

Меѓутоа она поради кое веројатно нема да ви биде добро е цената на една ваква терапија.

Минатата година терапијата за “трезнење“ чинела околу 250 евра, а оваа година цената се зголемила за четири пати поради поголемиот број на приватни забави кои се одржуваат во приватните вили на островот.

Докторите кои работат сезонски на островот заработените пари ги делат со посредниците кои им носат клиенти и токму тоа е причината поради која моментално една таква терапија чини 1.000 евра.

Тоа што е поинтересно е дека оваа инфузија не е добра за секој. Луѓето со срцеви заболувања би требало да бидат повнимателни затоа што ваквиот “коктел“ би можел уште повеќе да им го загрози здравјето. Исто така пациентите би требало да знаат дека секогаш кога ќе му се стават игли во нивното тело постои можност од инфекција доколку им биде промашена вената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг